Овие се главните причини зошто сè уште не ја пронајдовте љубовта во вашиот живот

Единствената работа која што морате да ја промените е вашиот стави и да им дадете можност на новите луѓе кои што влегуваат во вашиот живот и да ги искористите тие можности.

Додека вашите пријателки од ден на ден ве заслепуваат со нивните свршенички прстени и постојано зборуваат како нивниот свршеник е совршен, не може а да не се запрашате – што не е во ред со мене?

Зарем јас не заслужувам да ја пронајдам својата сродна душа?

За среќа, веднаш можеме да ве информираме дека тоа не е вистина. Поточно, постои голема можност, дека после подолг временски перод од вашиот самечки живот, да имате развиено фобија од врзување со друга личност.

Премногу ви се допаднала вашата слобода и самосталноста па сега, кога можеби чувствувате потреба да имате партнер и стабилна врска, мислите дека со вас нешто не е во ред и дека мората да се промените.

Следниве работи укажуваат на тоа дека имате фобија да влезете во нова врска и дека овие причини се главни зошто сè уште сте сами.

1. Тешко е да се посветите

Додека сте посветени на работата, вежбате и учите странски јазик без потешкотии, посветувањето на друга личност изгледа како ограничување на вашата слобода. Но, не мора да биде така. Вие сте тие кој ќе одредите колку ќе дадете и на кој начин, важно е да проднајдете личност која што ќе одговара на вашето темпо на живеење.

2. Секогаш „паѓате“ на погрешен маж

Истажувањата покажале дека жените подсвесно „паѓаат“ на лоши момци или пак на оние кој што обожуваат да ги менуваат своите партенрки (женкари) и поради тоа тие се плашат да влезат во врска.

Затоа девојки по втор пат кажете не, на таквиот тип на мажи и погледнете ги малку старомодните романтичари.

3. Се плашите дека ќе бидете оставени

За жал, ова често е последица од минатото. Но, она што морате да го разберете дека на овој свет две исти личности не постојат. И да, понекогаш вреди да се ризикува па дури и ако исходот од вашата врска заврши со скршено срце.

4. Се сметате себе за личност која не треба да е во врска

Ова често произлегува од несигурност и недоволна самодоверба. Очигледно сметате дека немате што да и понудите на другата личност, што не е вистина. Но, доколку станува збор за ваков случај, прво што треба да направите е да поработите на себе и на вашата ментална слика, а дури потоа да се впуштите во барање на посериозна врска.

 

 

 

- Реклама -