Патува низ светот за да открие како да стане подобар човек

Мах Буа(24), пред три години од Нова Каледонија тргнал на пат околу светот со надеж дека ова патување ќе му ја открие тајната како да стане подобар човек, јавува Агенцијата Анадолу (AA).

Тој на ова патување тргнал со цел да запознае нови луѓе и култури. Патува со помош на автостопирање.

Во моментот се наоѓа во Турција во градот Бафра.

Претпочитува да останува во помали градови, па затоа Бафра е совршен град пред да го продолжи своето патување. Уште една причина зошто останува во Бафра е поради познанството со Суфан Фејз Бекташ, која истот така обожува да патува, а досега има поминато повеќе од 30 земји. Буа во моментот работи во кафуле кое што е во сопственост на Бекташ, со намера да заработи пари за да го продолжи своето патување.

Тој за АА изјавуа дека од Нова Каледонија пред три години отпатувал за Франција, потоа со помош на автостопирање ја поминал Италија, Белгија, Германија… Тој тврди дека досега успеал да обиколи 40 земји.

„ На ова патување настојувам да запознаам какви карактеристики има најдобриот човек на светот. Од таа причина патувам низ светот и се трудам да го добијам одговорот на прашањето како да го водам вистинскиот  начин на живот“.- изјавил Буа.

Исто така додава дека со Суфан се запознал преку социјалните мрежи и сака одреден временски период да помине во Турција.

Јас сум тука десет дена, среќен сум, но мислам дека ќе го продолжам патувањето наскоро“, рече Буа.

Следната станица е Бугарија.

„Не знам каде ќе одам по Бугарија, но ќе патувам додека не го најдам одговорот да бидам добар човек“, рече Буа.

 

 

- Реклама -