По барање од надлежниот јавен обвинител, испратено на 12 септември, укинат му е домашниот притвор на Стевчо Јакимовски. По разгледување и ценење на предлогот, истиот е уважен од судија и мерката куќен притвор е укината и заменета со други, поблаги мерки на претпазливост, соопштија од Судот.
Екс-градоначалникот на Општина Карпош заврши во домашен притвор на 19 март годинава, кога заедно со уште четири лица беше приведен поради сомненија за злоупотреба на службената положба и овластување при утврдување на правен статус на објекти лоцирани на ул. „Илинденска“ во Скопје. За него беше побаран притвор, но поради здравствени проблеми тогаш ја доби поблагата мерка – куќен притвор.