Претставник на Американската вселенска организација НАСА, потврди дека до 2024 година ќе ја пратат првата жена на Месечината во чест на женското лидерство.
Администраторот од НАСА Џим Бриденстен кој што говореше на настанот кој НАСА, го организирал со посвета кон жените истакна дека неговата ќерка била главен мотив во неговите амбиции и жените да можат во блиска иднина да отпатуваат на Месечината.
„Имам 11-годишна ќерка и сакам таа да ги има сите можности што ги имав јас додека растев“, рече Бриденстен.
Во моментов, само 12 жени се активни астронаути во НАСА, што е помалку од една третина од астронаутите во американската организација.
Сепак, недостатокот на ресурси и научните пречки создадоа сомнежи за тоа дали НАСА воопшто ќе може да испрати некого на Месечината до крајниот рок.
Бриденстен проценува дека проект наречен Артермис (Артемида), според грчката божица на Месечината, треба да чини меѓу 20 и 30 милијарди американски долари, а тие пари допрва треба да се издвојат.
„Мисијата првично беше планирана за во 2028 година, но беше преместена четири години порано во обид да се минимизира ризикот од промена на политичките приоритети во однос на патувањето во вселената.“
„Еден од предизвиците со кои се соочивме во историјата е политичкиот ризик“, рече Бриденстен.
Ставот на американскиот претседател Доналд Трамп за иницијативата е непознат. Тој во јуни од НАСА побарал да се фокусират на „многу поголеми“ мисии, отколку да испраќа жени на Месечината, како на пример одење на Марс.