Јапонија започна со тестирање на машината за снег која што ќе се користи во текот на Летните Олимписки Игри за следната година, со цел на натпреварувачите и на посетителите да им биде свежо и пријатно.
Една проба е напрвена за време на возење со кану, каде што на тибините имало распркано околу 300 килограми вештачки снег, кој бил направен од мелен мраз и вода.
Целта е во текот на летото додека се одржуваа ЛОИ, посетителите да се чустуваат пријатно, бидејќи за наредната година предвидено е темературите дека ќе се движат околу 35 степени.
„Организацискиот комитет сака да проба се што е можно за да ја ублажи топлината, и ова е една од идеите до кои дојдовме. Вештачкиот снег нема да ја намали температурата на воздухот, но се надевам дека луѓето ќе се чувствуваат пријатно и ќе се чувствуваат освежено “, рече Така Окамура, еден од директорите на Организацискиот комитет Токио 2020 година.
Окамура не сакаше да зборува за цената на машините за снег и целата постапка.
На целиот настан каде било „паѓањето на вештачкиот снег“ во Токио, учество земале околу 150 доброволци.
Секако, покрај разладувањето со вештачки снег, организаторите планираат и освежување со клима-уреди и уреди кои ќе распрскуваат ладна вода.
Тие исто така најавуваат, за да се избегнат најголемите жештини маратонските трки на пример да започнат во шест часот наутро. Стазите и патеките за трчање ќе бидат обоени со специјална материја за да не се чувствуа жештината. Со тоа би се направило температурите да бидат попријатни.