„Возбуден сум што конечно можам да објавам дека Симона Живковска во моментот го снима филмот на ‘Марвел’, ‘Црната вдовица’, што ќе се прикажува во кината догодина. Едвај чекам“ – напиша на Твитер агентот на младата Македонка – Симона Живковска, соопштувајќи ги добрите вести за ангажманот на Симона во филмот „Black Widow“, во кој во главната улога ќе се појави, ни помалку ни повеќе, туку фантастичната и најплатената во моментов – актерката Скарлет Јохансон.
Симона, инаку, има 25 години. Родена е во 1994-та во Скопје, а има мешано потекло – македонско и од Западните Инди (регион во Атлантикот од кој дел се и Карибите). Од 2001-ва Живковска е преселена во Велика Британија, каде што ја започнала својата актерска кариера.
Освен што ќе ѝ парира на Јохансон со својата убавина (види фото), планира и посакува и да ја направи Македонија горда. По бројните честитки и големата поддршка што ја доби на Твитер, таа напиша:
„Ви благодарам многу за поддршката во овој момент особено ми значи! Многу сум благодарна за оваа можност и се надевам дека ќе ја направам Македонија горда!“.
Ви благодарам многу за поддршката во овој момент особено ми значи! Многу сум благодарна за оваа можност и се надевам дека ќе ја направам Македонија горда! 🙏🏽❤️
— Simona Zivkovska (@simonazivkovska) September 12, 2019
Please send him a big hug from me!!! & this is only the beginning 🖤 Pozdrav https://t.co/fDxyuyHLCx
— Simona Zivkovska (@simonazivkovska) September 13, 2019