По повод 25-от роденден на серијата „Пријатели“, Лего издаде сет коцки од Central Perk

Можеби нема да имаме можност повторно да ги гледаме „Пријатели“- Моника,Чендлер, Рејчел, Рос, Џои и Фиби пред малите екрани, како  се собираат во Централ Перк, но затоа во светот на Лего тие повторно се заедно.

По повод 25 годишнината од појавувањето на популарната серија, Лего реши да направи сет од коци од познатиот Централ Перк. На сите кој што ја имаат пратено серијата овој кафич им е добро познат затоа што на познатите „Пријатели“ тој им беше омилен.

„Самиот сет содржи 1.079 коцки, кои се одлични за играње, но секако и за гледање. Сигурно ќе измами внимание на секој што ќе влезе во вашиот дом“. – изјавуваат од данската компанија за играчки The Lego Group.

Сетот на фигури ги вклучува сите седум ликови, Рос, Рејчел, Чендлер, Моника, Џои, Фиби и Гунтер, како и делови од мебелот.

„ Сите оние кои ќе го купат овој сет ќе може да ја изградат и бината на која Фиби ги изведуваше своите песни со гитарата или тацна со колачиња, како и други автентични предмети“ – изјавуваат од компанијата.

Серијата „Пријатели за прв пат е прикажана на 22 септември 1994 година.

Овој сет од Лего, е во продажба од 1 септември.

 

- Реклама -