Тајната за мостот во Кембриџ

И покрај тоа што многу историчари се согласиле дека овој мост не го направил Исак Њутн, многумина одбиваат да го прифата тоа.

„Дрвен мост“ или уште познат под името „Математички“, предизвикува восхит поради начионот на кој што е изграден. И покрај тоа што тој има облик на лак, сепак е изграден од рамни греди.

Посетителите кои што доаѓаат во Кембриџ одат да пловат по реката Кем како би можеле да го разгледаат мостот од сите страни. Токму поради специфичниот начин на изградба кој што е сочуван и денес и по неговото реставрирање, мостот го добива името „Математички“.

Постојат повеќе легенди кои подеднакво се интригирачки како и самиот облик на мостот. Според некои теории, кои често можат да се најдат и во некој туристички водичи, дека мостот бил изграден од Исак Њутн. И тоа мостот го изградил без да употреби завртки и клинови. Се со цел да го докаже законот на физиката.

По завршувањето на средното училиште Њутн посетувал часови на Кембриџ, а по завршувањето бил примен како професор по математика и оптика.

Сепак, историчарите и физичарите сметаат дека таа приказна „не држи вода“, и дека оние туристи кој што веруваат дека мостот бил изграден од страна на Њутн се многу лекомислени.

Многу години по смрта на Њутн, во 1727 година мостот го изградил Џемјс Есек по нацртите на Вилијам Етериџ, кој ги нацртал во 1794 год. Подоцна во 1866 и 1905 година по истите нацрти мостот бил обновен.

При обновувањето биле користени клинови и завртки но, поради оргиналната металната конструкција се чини како тие и воопшто да не постојат.

 

- Реклама -