Германскиот град Билефелд, веќе долго е сатирчна теорија на заговор дека тој град всушност и не постои. Нуди голема награда за оној што ќе докаже дека таа теорија е точна.
Официјални службеници на градот изјавиле дека ќе дадат еден милион евра на она лице што ќе донесе цврсти докази за непостоење на градот Билефелд.
Тие нагласиле дека „не постои ограничување на креативноста“ на учесниците на натпреварот, но дека само непобитните докази ќе бидат земени во предвид за наградата.
Прв кој ја изнел оваа идеја дека градот Биленфелд не постои бил компјутерскиот експерт Аким Хелд, кој во обид да ги сруши теориите на заговор, го објавил ова сатирично тврдење уште во 1994 год.
Дури и германската канцеларка Ангела Меркел еднаш на шега се посомневала во постоењето на Билефелд, град кој, наводно, се наоѓал на околу 330 километри западно од Берлин.