Ги памтел податоците на корисниците и потоа ги ограбувал

Во Токио е уапсен касиер кој најверојатно ја користел својата фотографска меморија, за да ги краде податоците од кредитните картички на корисниците  кои што наплатувале на каса каде што работел уапсениот.

Засега неидентификуван маж работел со  скратено работно време во трговски центар во населбата Кото, а бил уапсен минатиот четврток за купување торби во вредност од 2.600 американски долари.

Според извор близок до полициска истрага, човекот, наводно, ги запомнил информациите на кредитните картички на 1.300 клиенти.

Тој ги чувал потребните информации и ги запишувал во тетратка во прва прилика. Тој подоцна ги искористел за купување преку Интернет.

Полицијата потврдила дека човекот се наоѓа во притвор. Но, не е познато дали тој досега ангажирал адвокат.

- Реклама -