На 4 септември, околу 02.30 часот, при вршење на редовна контрола на ул. Аминта III (во близина на Министерство за земјоделие), полициски службеници се обиделе да запрат возило „Шкода“ со скопски регистерски таблички, со кое управувал синот на Сашо Мијалков.
Меѓутоа, 19-годишниот А.М. не го запрел возилото и се упатил кон бензиската пумпа.
Од полицијата велат дека веднаш интервенирале и многу набрзо возилото било запрено на паркинг на хотел во центарот на градот. Откако бил легитимиран, на А.М. му се поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.