Една жена од Сан Францико за списанието UP! дала изјава во која што вели дека се спријателила со гаврани. Начинот на кои тие се спријателиле бил кога гавраните започнале да и тропкаат на прозорецот, а таа започнала да ги храни. Како благодарност тие започнале да и носат подароци. И на тој начин се родило едно несекојдневно пријателство.
Мелинда Грин појасни како започнало ова несекојдневно пријателство. Пред три години таа започнала да храни две семејства на гаврани кои што живееле во близина на нејзинот дом. Храната им ја оставала на внатрешните скали од нејзиниот дом или пак на прагот од прозорецот.
Таа уверва дека гавраните започнале да и носат подароци, а за возврат очекувале храна. Птиците и носеле парчиња скршено стакло од шампањ, мечиња изработени од гума, обоени камчиња, ореви и чудни електронски делови.
„Сигурна сум дека станува збор за подароци – изјави таа – гавраните само покажаа благодарност за хранта која што им ја давам„
Мелинда признава дека научила многу од нејзината интеракција со гавраните. „ Разбрав дека семејствата на гавраните се многу слични со нас луѓето“ – изјави таа. Возрасните гаврани ги учат своите мали како како да дојдат до љубезната женича и да побараат храна од неа.