Саше Политико го „препозна“ Мицкоски на конгрес на СДСМ во 2005-та…

„НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: Христијан Мицковски на конгрес на СДСМ во 2005-та, веднаш зад Радмила и Бучковски!“, пишува новинарот Саше Ивановски алијас Политико на својот портал „Мактел“, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на Мицкоски да биде лидер на опозоцијата.

„Дознаваме дека на конгресот лидерот на ВМРО ДПМНЕ бил поканет како преставник на Социјалистичка Партија на Ѕинго?!?! И од овој сега ќе биде лидер на десница?!“, прашува Политико, само за во продолжение на текстот да објави демант на сето кажано, кој гласи вака:

„ДЕМАНТ: Откако го објавивме текстот нè контактираше член на СДСМ, Петар Здравковски, кој ни кажа дека на сликата е тој, а не лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Извинување до читателите и до лидерот на ВМРО ДПМНЕ поради оваа ненамерна грешка“…

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно
- Реклама -