Кетрин Лукас, 25 годишна жена од Болдер Колорадо, отишла со својот велосипед во спортски бар за да гледа натпревар. Кога излегла, забележала дека велосипедот е украден. Случајот го пријавила во полиција, но не можејќи да чека, брзо ги презела работите во свои раце.
Кетрин, заедно со својата цимерка, веќе следниот ден започнале да ги прелистуваат огласите на Крегслист, надевајќи се дека крадецот ќе се обиде да го продаде. За кусо време налетале на фотографија од велосипедот на кој имало две карактеристични нешта – црвена лента на рачката и специфично шише за вода.
По иницијалниот контакт, крадецот ја испратил адресата преку смс и Кетрин отишла да го види велосипедот, преправајќи се дека е заинтересиран купувач. Потоа го прашала крадецот дали може да го тестира и откако тој се согласил, таа започнала да вози и продолжила сè до својот автомобил. Го ставила велосипедот во багажникот и си заминала.
Полицајците, иако импресионирани од нејзиниот потфат, ѝ кажале дека ваквите стратегии не се добра идеја и наредниот пат да ги остави нив да си ја завршат работата. Крадецот бил уапсен и го признал делото. [Boulder Woman Steals Stolen Bike Back]