На листата „нешта што можат да ве пратат во бoлницa“ допишете: Мирисање на носени чорапи

Маж од Жангжу, Кина, во извештаите именуван само како Пенг, завршил во болница откако предолго ги мирисал сопствените носени чорапи, е заклучокот на докторите.

Пенг, 37-годишен татко, во болница отишол поради болка во градите. Таму е примен како итен случај и веднаш бил пратен на рентген, не само за да се утврди причината за болката, туку и за кашлицата што истовремено му се развила.

Му била дијагностицирана габична инфекција на белите дробови и задржан е во болница на лечење. Според објаснувањето на докторите, состојбата на Пенг била предизвикана поради неговата навика да си ги мириса чорапите по носење, во комбинација со габичната инфекција која ја имал на нозете. Мирисајќи ги чорапите, инфекцијата се проширила на неговите бели дробови, пишува IFL Science.

Според локалниот весник „Fujian Daily“, Пенг на докторите им признал дека станал зависен од мирисање на сопствените чорапи. Континуираното и намерно мирисање на сопствените чорапи најверојатно овозможило габичните спори (преку кои бактериите се размножуваат) да се прошират во неговите бели дробови, каде потоа се развиле во габична инфекција, објаснуваат докторите.

Додуша, според нив има и уште еден фактор; Кај пациентот е утврден и недостаток на одмор, кој Пенг не го добивал бидејќи бил посветен на грижата за своето дете. Тој недостаток на одмор кај Пенг вродил со ослабен имун систем.

 

- Реклама -