Хисен Џемаили, обвинет во Хашкиот предмет за „мавровски работници“, станува министер?

Откако Ибрахим Дехари ја одби понудата да биде нов министер без ресор за странски инвестиции, со образложение дека станува збор за министерство кое служи само за задоволување на политички апетити и кое не придонесува ништо за општеството, лидерот на ДУИ – Али Ахмети, доставил нов предлог до владиниот партнер – премиерот Зоран Заев.

Се работи за Хисен Џемаили, познат на јавноста како поранешен припадник на ОНА во конфликтот од 2001 година, а потоа и обвинет во еден од Хашките случаи, во предметот „Малтpeтиpaни градежни работници од Маврово“. Џемаили куртули благодарение на донесувањето на Автентичното толкување на Законот за амнестија во 2011-та, со кое Хашките предмети беа затворени.

Како што објави  „Плусинфо“, Џемаили веќе ја прифатил понудата да биде министер, па останува тоа да го одобри премиерот Заев. Џемаили, за разлика од Дехари, не мисли дека како министер ќе биде бескорисен. Повеќе детали на „Плусинфо“.

Прочитајте и:  Коалиција Вреди: Недемократската унија за дезинтеграција (НУД) се обидува да ги вовлече Албанците во нивните напори да ја избегнат правдата

 

- Реклама -