Тивкиот срцев удар има многу малку или воопшто нема симптоми. Можно е да не се појават никакви симптоми коишто би предупредиле дека се развил било каков проблем на срцето како што се вообичаените болки во градите или недостатокот на воздух.
Некои луѓе по доживеаниот срцев удар се сеќаваат дека тој бил погрешно протолкуван како мачнина, мускулна болка или лош случај на настинка.
Ризик факторите кои што предизвикуваат тивок срцев удар се исти како и за срцевиот удар проследен со симптоми. Тие вклучуваат:
- Пушење или џвакање тутун
- Фамилијарна историја на срцеви болести
- Висок холестерол
- Дијабетес
- Недоволна физичка активност
- Прекумерна телесна тежина
Ако сте доживеале тивок срцев удар, вие сте изложени на уште поголем ризик од добивање на уште еден срцев удар кој што може да заврши фатално. Дополнителниот срцев удар исто така ги зголемува ризиците за појава на компликации како откажување на срцето.
Ако се сомневате дека сте имале тивок срцев удар, консултирајте се со својот доктор. Вашите симптоми, здравствената историја и физичкиот преглед можат да му помогнат на докторот да одлучи дали се потребни дополнителни испитувања.
Единствениот начин да се докаже постоење на тивок срцев удар е преку дополнителни испитувања како што се електрокардиограм, ехокардиограм или други имиџинг техники. Со тие тестови ќе се определат промените кои што сигнализираат дека сте прележале срцев удар.
Објавено во соработка со За Здравје.