Героски: Шокиран сум од срамната, крајно безобразна и дискриминирачка изјава на Заев

ШОКАНТНА, ДИСКРИМИНИРАЧКА, ЗАКАНУВАЧКА И СРАМНА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ, пишува новинарот Бранко Героски на Фејсбук, откако премиерот просто неверојатно си дозволи да порача дека нема да дозволи „еден педep“, заедно со неколку криминалци и еден суетен новинар, да ја урнат неговата влада.

„Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Особено што тој со половина од ‘криминалците’ што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација. ‘Педepoт’ што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници.

Дали кога вели ‘еден суетен новинар’ мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно – дали тоа Зоран Заев мене ми се зaкaнyва?

Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говop на омраза.

Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев“, пишува Героски.

- Реклама -