(ВИДЕО) „Ла верита“ објави снимка како Боки 13 прима пари од Камчев

Весникот објави и снимка од наводен разговор меѓу Боки 13 и Орце Камчев, на која се слуша како Боки му објаснува на Камчев дека понеделник, најдоцна вторник ќе биде ослободен и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева нема да употреби вонредни правни лекови.

Од понеделник, најдоцна вторник си на слобода. Катица нема да се жали. СЈО нема да преземе никакви правни лекови, му вели Бојан Јовановски на бизнисменот Јордан Камчев.

На снимката направена на 20 февруари годинава се гледа и Зоран Милески – Кичеец. Јовановски, директор на 1ТВ и претседател на НВО Меѓународен сојуз, заедно со Милески се во притвор осомничени за случајот „Рекет“. Снимката (монтирана) ја објави италијанскиот весник „Ла верита“.

- Реклама -