Фејсбук корисниците од групата „That’s it, I’m ring shaming“ (во која се исмеваат веренички/венчални прстени) уште не можат да исплакнат очите од глетката што ја споделила една корисничка од Сингапур.
На фотографијата се гледа веренички прстен ставен на вимето на крава, а како што објаснува корисничката, сликата ја видела на својот Фејсбук news feed, откако ја споделил самиот запросувач, кој бил фармер.
Запрепастените корисници, а ги има во голем број, коментираат и дека е лош прстенот, дека е небањата кравата и слично, но сите до еден се согласни дека најлошото на фотографијата е самиот вкус на запросувачот кој мислел дека е добра идеја да приреди вакво изненадување.
„Штом моите очи беа приморани да го видат ова, ве повлекувам и вас да cтpaдате со мене“, пишува девојката која ја споделила фотографијата во групата.