Заев со видео на Фејсбук: Ние, децата на Илинден, сме природно упатени да гледаме напред кон НАТО и ЕУ

Патриотизмот значи грижа за обезбедување подобар живот за сегашните и идните генерации, а иднината е вистинскиот избор на секој патриот, порачува новото видео објавено на Фејсбук профилот на премиерот Зоран Заев, составено од делови од неговиот говор на Мечкин Камен во Крушево на овогодинешната прослава на Илинден.

Како што се вели и во видеото/говорот, Заев иднината ја гледа во граѓанска и демократска Северна Македонија, рамноправно претставувана од сите кои живеат во неа.

„Ние, граѓаните, децата на Илинден, сме природно упатени да гледаме напред кон иднината. Гледаме напред затоа што сакаме безбедна и стабилна земја – членка на НАТО.

Сите ние сме вложени во иднината затоа што сме спремни за уште повеќе реформи, затоа што носиме и градиме европски вредности и одиме кон Европската Унија.

Затоа – секој ден е Илинден! Затоа – сите сме деца на Илинден!“, порачува видеото.

- Реклама -