Собери една чаша со отпушоци и добиј гратис пиво и ете ти најчиста плажа

Примерот на шпанското крајбрежно место Естепона треба да го следат многумина затоа што така плажите ќе им бидат совршено чисти.

Доколку во ова крајбрежно место однесете чаша полна со отпушоци на било кој од штандовие на плажата, за возврат ќе добиете чаша полна со пиво или некој друг освежителен пијалок.

Со оваа иницијатива, местото кое е оддалечено 90 километри од градот Малага настојува да ги одржи своите плажи чисти. Кампањата “крајбрежје без отпушоци“ наишла на големо воодушевување од локалните жители и туристи.

„Ве молам пиво“ – рекол странски турист додека на шанкот однел пластична чаша полна со отпушоци.

„Секако господине“ – му одговорил младиот келнер додека го точел пивото во пластична чаша. На тој штанд залепен е промотивен плакат на оваа компанија. Туристот само го дигнал палецот од раката, како знак на потврда, а потоа се вратил на местото на плажата.

Плажата е совршено место за чистење, занимавање со спорт, сончање и капење. Но, за многумина таа претставува место за опуштање каде што дополнително знаат да уживаат пушачите. Проблем е тоа што секое лето песокот и морето “проголтуваат“ илјадници отпушоци на кои потребно им е над десет години за да се разградат.

„Имаат токсични остатоци па доколку ги проголтаат рибите на крајот ние ќе ги изедеме додека консумираме риба. Тоа е затворен круг кој сигурно нема среќен крај“ – изјавил Оскар Рули, претседателот на Здружението на штандови на плажите околу Малага.

За да се прекине тој круг потребно е луѓето да се свестат кога летуваат и потребно е да ги потсетуваме дека животната средина треба да се чува.

„Ми се допаѓа оваа идеја. Фантастична е. Ќе имаме почисти плажи“ – изјавила некоја мајка држејќи за раката мало девојче додек заедно ги набљудувале туристите како ги собираат отпушоците од плажите во пластични чаши.

- Реклама -