Заев и Борисов ќе се поклонат пред гpoбот на Гоце Делчев, а потоа и пред споменик на бугарски полковник

Денеска се навршуваат точно две години од потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија. По тој повод утрово во земјава пристигна бугарскиот премиер Бојко Борисов. Пред Владата, со највисоки државни и воени почести, тој беше пречекан од премиерот Зоран Заев.

По билатералните средби на двајцата премиери и владините делегации, на кои ќе се разгледува напредокот на соработката на билатерален план, Заев и Борисов ќе одржат заедничка прес-конференција од медија центарот во Владата, а потоа ќе заминат во црквата „Св. Спас“, каде што ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пред гробот на Гоце Делчев, за уште еднаш да испратат порака дека великаните од заедничката историја треба да ги обединуваат двата народа, а не да ги разединуваат.

Во Скопје Борисов ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски, а попладне со Заев ќе заминат за Дојран, каде што ќе положат цвеќе на обвновениот споменик на бугарскиот полковник Константин Каварналиев, кој има значајно место во бугарската историја.

- Реклама -