„360 степени“: Јанева наредила „форензичко бришење“ на компјутерите во СЈО

Шефицата во оставка, Катица Јанева, побарала од вработените во ИТ-секторот на СЈО да спроведат т.н. „форензичко бришење“ на сите компјутери во Обвинителството, објави „360 степени“. Според нивните информации, Јанева издала усна наредба, а вработените ги направиле првите подготовки пред да се спроведе бришењето на податоците. Во текстот се додава дека ова бришење нема да ги загрози документите кои ги има во системот на СЈО, но ќе бидат избришани сите податоци за тоа во кое време, кое лица и што било работено.

Барањето за бришење на компјутерите се случува во период во кој ОЈО за гонење организиран криминал и корупција води истрага во случајот „Рекет“ во кој засега не е осомничена, но е имплицирана и шефицата на СЈО, Катица Јанева. Иако постапката на „форензичко бришење“ нема да ги загрози документите што постојат во компјутерскиот систем на СЈО, сепак, неповратно ќе ги избрише податоците за тоа на кој компјутер, во кое време, од кое лице, што било работено.

- Реклама -