На вештачење оди телефонот на девојката на синот на Катица Јанева…

Вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка кој наводно беше изгубен во Белград, барем како што му рекол нејзиниот син на истражниот тим на Обвинителството при претресот на нивниот дом, што го соопшти обвинителката Вилма Русковска во интервју за „Сител“, денеска е најден и одземен од лице во државава блиско до семејството.

Како што соопштија од Обвинителството, преку издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, мобилниот е лоциран и одземен од лице кое изјавило дека истиот е добиен на подарок.

Телефонот бил најден во Гевгелија – родниот град на Јанева, а лицето од кое е одземен, дознава „А1он“ од свои неофицијални извори од истрагата, е девојката на синот на обвинителката. Иако постојат повеќе сценарија во кои мобилниот можел да заврши кај неа, безбедно е да се претпостави дека таа го користела како свој. За нејзина несреќа, поради сплет на околности, а со цел утврдување на натамошните факти и по наредба на Обвинителството, истиот сега ќе биде предмет на вештачење.

ОБНОВЕНО: Според извори на „Телма“, телефонот бил најден кај сестрата на девојката на синот на Јанева. Прочитајте ТУКА.

 

- Реклама -