„Некст левел – Еве го Илинден, тик так, тик так…
Другарче, твојата приказна не е завршена. Најпријателски те советувам пред да почнеш да ги објавуваш твоите ‘бомби’ за новите езоповски јунаци во твојата вистинска приказна, причекај го Илинден, или 2 август 2019 година, 20 часот, овде, во Македонија. Имам дојава дека на Јујтуб каналот ќе биде објавено видео, на кое се гледа и се слуша, како земаш 75 илјади евра, (прва рата), за да ја водиш оваа кампања против СЈО и власта, па и денес, во последнава колумна, без да го испочитуваш ветеното на твоите читатели, да ги разоткриеш политичките езоповски јунаци од серијалот први езоповски ‘бомби’, не заради тоа што сите знаеме кои се, туку, заради тоа дека ти ја имаш обврската и јавната одговорност директно да ги именуваш, и по цена да се соочиш со тужби за клевета, затоа што вети, а излажа“, му пишува Борче Трајковски – на друштвените мрежи попознат како Боки Бургија, на новинарот Бранко Героски.
Постот на Трајковски, кој е вработен во СЈО, а беше и колумнист за порталот „Плусинфо“ токму на Бранко Героски, е одговор на вчерашната колумна на Героски, во која тој напиша дека завршил со „Кики“ и „Фрики“ и најави „некст левел“ со детали за други вмешани функционери. Трајковски, алијас Боки Бургија, продолжува:
„И смеам ли да се прашам – Кога, бе, ти, другарче, ја зборуваш вистината? Тогаш кога си го штитиш гaзот со езоповски јунаци, а вистинити приказни, или кога ветуваш, па се повлекуваш, а? Никогаш, бе, другарче. Ти си една најобична интересџиска јајара, коркач пар екселанс, кој, продолжува со директна зaкaнa кон премиерот, за прием во неговиот кабинет. Еј другарче, бараш да се сретнеш со Премиерот. За што? За да разговараш со него, и на истиот начин како што тој разговараше за бомбите со Груевски, да му понудиш дил? За тоа ли, бе, другарче? Да му порачаш да си замине, или да се соочи со твоите нови езоповски бомби, или да ти ги исполни барањата, да ги заштити твоите финансиски ментори?
Епа не си во истата позиција, бе, другарче. Причекај го Илинден 2019 – 20 ч. и биди овде, ене го каде е, и ќе се видиш, и ќе те видат, и ќе те дознаат. Или, еве јавно ти нудам шанса, ти порачувам да побараш средба со имателот на таа снимка, знаеш кој е, еден познат јунак од твоите прикаски, и договорете се, па потоа барај средба со премиерот. Јавното обвинителство сеуште не е информирано за овој твој ‘професионален’ ангажман. Без гајле ‘другарче’. Искористи ја шансата“, пишува Боки Бургија.
Во меѓувреме и новинарот Героски му одговори на Бургија, а воедно и на Миленко Неделковски и Саше Ивановски – Политико, кои го обвинуваат дека земал пари од Орце Камчев.
„Прво Миленко тропна за некакви 25.000 кеш што божем сум ги зел од некој ‘олигарх’. Па Саше будалиот се залета ко вол у трње и го спомна Камчев, па сега ќе мора на суд да докажува.
Еве го и Боки Бургија, доставувачот од СЈО, тресе глупости за некакви 75.000 евра рекет. Имало видео, на Јутјуб ќе се појавело. Па уште ме ‘советувал’ да стапам во контакт со ‘имателот’ на видеото, да се пазарам, што ли…
А бе шапшали едни недоветни! Ви кажав и пак ќе ви кажам – џабе везете. Кај мене нема едно евро рекет! Никогаш и од никого! Немам со кого да разговарам и да се пазарам. Кој се кypчи дека има некаква снимка, веднаш нека ја пушти! Да видиме што сте смислиле.
Доста бре паничите и паламудите!“, напиша Героски.