Извадок од последната колумна на Бранко Героски. Целата прочитајте ја на „Плусинфо“ (ЛИНК).
„ … ако Заев не знае кои се Фрики и Кики, фацилитаторите на милионскиот рекет, ако СДСМ не сака да се ‘прочисти’ од ова страшно зло (како што вети во декларацијата), јас сум спремен да одам понатаму. Не, не, тоа ‘понатаму’ не е соопштување на имињата на Фрики и на Кики. Јас со нив завршив. Ги знаете сите, нема потреба да им давам можност да ме гњават со тужби. Не, другарки и другарчиња, сега ќе одиме на некст левел!“, пишува новинарот Бранко Героски во денешната за многумина долгоочекувана колумна.
„Белким не поверувавте дека онаа ботоксирана несреќа е главниот фраер во ‘бомбашкиот’ рекет, а не само беден извршител! Белким не помисливте дека поради една таква колосална будала се потресла целата влада и е активирана обвинителска артителија од највисок калибар. Белким не сте толку наивни за да се излажете дека поради тој рекетар е растурено целото СЈО, гордоста на Шарената револуција и најголемата американска политичка инвестиција во Македонија. И дека цената за тоа ќе ја плати само еден глупав аматер…“, пишува Героски во колумната (линкот е наведен на почетокот на текстов).