Remember Rings – не ја заборавајте вашата годишнина

Дали вие или вашиот партнер често го заборавате датумот на вашата годишнина? Тогаш Remember Ring би можел да биде решението.

Прстенот користи специјален елемент со “Hot Spot” технологија кој се загрева до околу 50 степени во времетраење од 10 секунди, на секои 60 минути, започнувајќи 24 часа пред вашиот специјалниот ден. Температурата е доволно висока за да привлече внимание, но не превисока за да предизвика изгореници

Remember Ring ја користи топлината на вашиот прст за да создаде електрицитет за да функционира, што значи нема да можете да се правдате со испразнета батерија ако го заборавите датумот на вашата годишнина.

Сè што треба да направите е да го кажете датумот на вашата годишнина кога го нарачувате прстенот и тие ќе го програмираат. Прстенот е достапен во седум стилови, во злато или сребро и има доживотна гаранција. Интересно е што прстенот е достапен само во машка верзија. [Alaska Jewelry – Remember Rings]

- Реклама -