Ве интересира временска прогноза во моментов на Монт Еверест? Сега можете да ја следите во реално време – „Кровот на светот“ доби свои функционални метеорошки станици, соопшти National Geographic Society.
Највисоките две се поставени на висина од 8.430 и 7.945 метри, со што стануваат и највисоките метеоролошки станици во светот. Нивната мисија ќе трае најмалку 3 месеци – период во кој научниците ќе собираат драгоцени податоци од временските услови на врвот, преку кои подоцна подобро ќе го разберат ефектот на климатските промени врз глечерскиот венец Каракорам. Поради зголемувањето на глобалните температури, овие глечери забрзано исчезнуваат, тврдат научниците.
Екстремните временски услови во регионот го прават прецизното проучување на ефектот на климатските промени речиси невозможно, но сега, со новите метеоролошки станици, се очекува да се пополнат кpитични празнини во податоците и знаењето со кои располагаат научниците.
На Монт Еверест биле инсталирани вкупно пет метеоролошки станици, а состојбата во реално време (преку live updates) можете да ја следите на вебсајтот на National Geographic – ТУКА.