Трамп: Јас сум најзабавното нешто што ѝ се случило на британската кралица во последниве 25 години

Од 1994 година (значи 25 години наназад), британската кралица Елизабета II одбележа „златен“ и „дијамантски“ јубилеј, посети разни континенти, ги прослави венчавките на своите внуци и си дочека бројни правнуци, а се сретна и со бројни светски лидери. Сепак, според американскиот претседател Доналд Трамп, ништо од наброеното не ѝ било толку забавно на кралицата како што ѝ била неговата минатонеделна посета.

Американскиот претседател ја посети 93-годишната кралица заедно со првата дама на САД – Меланија Трамп. Дел од посетата беше и вечера во Бакингемската палата.

Како што вели Трамп, тој и кралицата „имале одличен однос, се смееле и се забавувале“.

„Луѓето на кралицата рекоа дека Елизабета II не се забавувала толку многу во последниве 25 години“, рече тој во интервју за Fox News, додавајќи дека толку многу се смеела, што претставниците на кралското семејство му замериле дека премногу се забавуваат.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп

„Се чувствувам како добро да ја познавам, а и таа сега секако ме познава многу добро. Имаме многу добар однос, исто така, и со Велика Британија“, додаде Трамп.

- Реклама -