Комплетен список на платите на надворешните соработници на Заев (ФОТО)

Премиерот Зоран Заев има вкупно 39 надворешни советници, од сите области, кои буџетот годишно го чинат 307.000 евра. Најплатените меѓу нив земаат од 1.000 до 1.500 евра плата, се гледа од списокот на надворешни советници на премиерот објавен од Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ), согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Највисока плата зема Зоран Башановиќ, советник за економски прашања за соработка на РСМ со земјите од регионот – 1.500 евра. Втора најплатена е Алиса Дограмаџиева Живановиќ – советник за политичко-економски односи на подрачјето на САД, со 1.300 евра плата.

По 1.200 евра земаат Владимир Цветковиќ, Љубомир Шубара, Александар Обрадовиќ и Љупчо Зафировски. Плата од 1.000 евра добива и Владо Димовски.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

Заедно со советниците и посебните советници, премиерот Заев има вкупно 63 соработници, кои за сработеното му одговараат директно нему. За разлика од него, Никола Груевски имаше вкупно 91 советник, за кои вкупно од буџетот се одлеваа по 1.7 милиони евра годишно, пишува ИРЛ. Целиот список на надворешни соработници на Заев, и нивните плати, можете да го видите на следниов ЛИНК.

 

- Реклама -