Google и LG ќе го претстават новиот Nexus кон крајот на октомври

Непосредно по појавувањето на iPhone 5, стигнуваат извештаи дека Google и LG работат на партнерски проект, кој на крајот ќе резултира со нов Nexus смартфон, што ќе биде претставен кон крајот на овој месец.

Инспирацијата за уредот што ќе биде максимално оптимизиран за Андроид 4.2 доаѓа од моќниот смартфон LG Optimus G. Новиот Nexus телефон ќе споделува дел од карактеристиките на Optimus G, но ќе биде дополнително развиен според спецификациите на програмерите кои го развиваат оперативниот систем Андроид.

Според првичните извештаи, телефонот што треба на компанијата LG да ѝ ја подобри репутацијата, особено на американскиот пазар, ќе ги има следниве карактеристики: Snapdragon квад-кор процесор од Qualcomm, 2 гигабајти РАМ, 1.280х768 вистински HD IPS дисплеј, камера од 8 мегапиксели, батерија што не се вади, како и вградена внатрешна меморија од 8 и 16 гигабајти, без можност за дополнување со SD картичка.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

До сега, Samsung постигна огромен успех со последните два Nexus телефони (Nexus S и Galaxy Nexus), HTC го создаде оригиналниот Nexus One, а Asus излезе со таблет-компјутерот Nexus 7. Новината е во тоа што Google донесе одлука да им дозволи на повеќе производители да работат на развивање на Nexus уреди, сѐ со цел пазарот за смартфони да оди напред колку што е можно побргу, поради зголемената конкуренција, а крајните потрошувачи да добијат квалитетни уреди за колку што е можно пониска цена. [Google, LG to unveil Nexus phone at the end of the month]

- Реклама -