Нобеловец по економија има предлог како да се заузда Фејсбук

Дигиталните платформи можеби сè уште не се too big to fail (читај: преголеми и премоќни за да пропаднат), но дефинитивно се преголеми за да им се верува и за да можат да бидат контролирани, смета Пол Ромер – поранешен главен економист и потпретседател на Светска банка, како и добитник на Нобелова награда за економија. Наместо контрола преку легислативи, која е сложена и според Ромер сосема неефикасна, т.е. практично невозможна, тој предлага контрола преку даночење.

Наместо законско ограничување на овие компании, попаметно е да се воведат дополнителни прогресивни даноци на целата заработка што истите ја добиваат од таргетирањето на корисниците, смета тој. Со тоа платформите како Фејсбук би се натерале да намалат со прибирањето на лични податоци за корисниците, кои се клучни за таканареченото таргетирано рекламирање, при кое Фејсбук пласира реклами до корисниците токму врз основа токму на нивните лични податоци (на пример, гуглате храна за мачки и потоа сè почесто гледате реклами за храна за мачки на Фејсбук и разните портали и друштвени мрежи). Наместо тоа, овие глобални платформи ќе бидат натерани да заработуваат на други начини, кои не би подразбирале потреба од обемни лични податоци на корисниците.

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат
- Реклама -