Пендаровски: Албанците сè уште не се 100% рамноправни со Македонците, но има големо подобрување

Ситуацијата во Македонија на полето на рамноправноста меѓу Албанците и Македонците денес е далеку подобра, а тоа се гледа и од бројките кои можат да се проверат, рекол Пендаровски во интервјуто за Албанската радио телевизија (РТШ) дадено по завршувањето на гласањето во неделата, додека сè уште се пребројуваа гласовите, пренесено од „АЛСАТ“.

Една од тие бројки кои можат да се проверат, истакнал Пендаровски, е бројката на албански министри во Владата.

„Во 2001 и 2002 година, по потпишувањето на Охридскиот договор, во целата админстрација имавме Мaкедонци, а низ сите институции на државата имаше само 2.4 отсто Албанци. Денес имаме над 19% застапеност во овие институции, што за една земја со многу ограничени финансиски средства е голем чекор напред“.

Сепак, истакнува Пендаровски, работата не е завршена, иако има големо подобрување:

„Несомнено, јас не можам да кажам дека Албанците се 100% еднакво застапени со своите македонски браќа во оваа земја, но можам да кажам дека се во многу подобра позиција од пред неколку години или од првата деценија по независноста“, констатирал тој.

- Реклама -