Шо праите со Христијан Арсов, детето со IQ 154?

Статија на ФАКУЛТЕТИ.МК

И покрај тоа што му е досадно на часовите, Христијан не одбивал да оди во училиште. Тој е исклучително дружељубив и сака да биде со деца, но програмата е премногу лесна за него. Материјалот за 4. одделение го совладал уште пред да тргне на училиште

Здраво, јас сум Христијан Арсов, имам осум години и ќе ви кажувам како настанал универзумот. Ќе ви кажам сè за галаксии, за ѕвездите. Кога имав шест години, почна да ме интересира астрономијата. Си гледам вакви видеа на интернет, некои сум ги гледал и по десет пати. Некогаш кога ми е досадно, си гледам и цртани. И на училиште некогаш ми е досадно, па почнувам да им кажувам за овие работи на другарчињата. Им кажувам сè повеќе и повеќе, па тие велат дека им е сè подосадно и подосадно…

Овие зборови на малиот Христијан предизвикаа безброј симпатии и насмевки во преполната сала на панел-дискусијата на тема „Развој и поддршка на талентирани деца“, која Фондот за иновации и технолошки развој во партнерство со Факултети.мк ја организира пред еден и пол месец во Скопје. Дискусијата беше почеток на иницијативата за зголемување на свеста на јавноста за надарените и талентирани деца во нашата земја и пронаоѓање на најсоодветно системско решение за нивната идентификација и развој.

Малиот Кико сосема случајно го пронајдовме пред една и пол година, додека тимот на Факултети.мк правеше повеќе репортажи од Велес. Психологот од Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ рече дека имаат натпросечен ученик.

За неколку дена Христијан и неговата мајка Борка Југова-Арсов ни дојдоа на гости. Кико имаше седум години, без проблем напамет множеше два троцифрени броја, раскажуваше за галаксии, се одушеви од карикатурата на која Питагора и Алберт Ајнштајн се пречкаат за „це на квадрат“.

Институционалната поддршка никако да стигне

Оттогаш Христијан гостуваше во многу телевизиски емисии, институциите знаат дека во Македонија има исклучителен ученик… и тука приближно завршува сè.
– Сега во четврто одделение ретко учам нови работи. Единственото место каде што почесто учам работи е кога одам кај децата од шесто одделение. Но, таму одам само за математика – вели Кико.

Неговите родители се обиделе сè, нема институција каде што не се обратиле. Сепак, институционалната поддршка никако да стигне до ова семејство. Кога имал една и пол година, Христијан почнал да ги препознава и да ги разликува буквите и бројките. Набрзо почнал буквите да ги поврзува во течно читање.

– Првото видео на Христијан кога тој чита сликовница е од 1 година и 11 месеци. Тој чита од пелени. Попрво научи да чита отколку, на пример, сам да држи лажица. Така сознавме дека Кико е едно поинакво дете – раскажува неговата мајка.

Целата статија – ТУКА

- Реклама -