Три од шесте случаи во кои Антикорупциска утврди непотизам при вработувањата во државни институции, се однесуваат на роднини и блиски членови од семејството на генералниот секретар на СДСМ – Александар Кирацовски. Непотизам имало при вработувањето на неговата сестра во Централниот регистар, при вработувањето на дедото на Кирацовски во РЕК Битола, како и при вработувањето на бабата на Кирацовски во училишниот дом „Мирка Гинова“ – Битола, утврди Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Сепак, Кирацовски ниту чувствува некаква одговорност во врска со наведените случаи, ниту планира таква да понесе. Напротив, во коментар за Истражувачка репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ), тој ги негира наводите на Антикорупциска и тврди дека информацијата е погрешна:
„Немало никакво влијание, не знам кој дал таква информација, но погрешна е“, кусо одговорил Кирацовски преку SMS порака.