Како изгледаат парламентарни избори во Индија? Ајде да ги видиме бројките

Во моментов во Индија во тек се парламентарни избори. Под „во моментов“ мислиме на периодов со почеток од 11 април, па сè до 19 мај, т.е. шест недели, колку што ќе траат изборите во Индија.

А ќе траат толку долго затоа што се најголемите избори што светот досега ги видел. Ќе гласаат околу 900 милиони Индијци – што е повеќе од населението на цела Америка, или цела Европска унија. „Замислете ги како една голема мрсна свадба“, вели BBC news na srpskom, „ќе има многу гости“.

„Гостите“ ќе бидат пречекани во околу 1 милион гласачки кабини ширум земјата, а огромен ќе биде и бројот на „домаќини“ што ќе ги пречекаат – околу 10 милиони државни службеници се ангажирани на изборните места и на терен. Во превод, тоа е колку целото население на Шведска.

Оттаму, логично е дека изборите во Индија ќе бидат и многу скапи. Се проценува дека ќе чинат 6.5 милијарди долари повеќе отколку американските претседателски избори во 2016-та.

А каков ќе биде изборот на гласачите? Огромен, ќе ве уверат бројките. На минатите избори, на пример, учествувале повеќе од 450 политички партии. На овие избори учествуваат уште повеќе.

Владејачката партија и досегашниот премиер Наренда Моди, кој важи за индиски националист и противник на секуларизмот и различностите, се надеваат на освојување на уште еден мандат со освојување на големо мнозинство од гласовите, како што беше случај и на претходните избори.

https://www.facebook.com/BBCNewsnasrpskom/videos/358544364789542/

- Реклама -