Училишта вработуваат менувачи на пелени, децата не знаат сами да користат тоалет

Од рубриката „запрете го светот, сакам да се симнам“, пристигнува вест од основно училиште во Валсал, Велика Британија. Оттаму соопштуваат дека морале да вработат персонал кој ќе им менува пелени на учениците, бидејќи многумина од нив не знаеле самите да отидат во тоалет и сами да ја завршат работата.

„Сè поголем број деца не знаат да користат тоалет, што е ужасно тешко за наставниците, но и за другите деца кои немаат таков проблем. Од училиштата не можете да очекувате да бидат заменици-родители или да ги лечат сите општествени болести“, истакнува Аманда Спилман, главен инспектор за образование.

Децата во Велика Британија во училиште тргнуваат на свои 5 години, а на 11 веќе одат во средно училиште, до својата 16-та година.

Chris Towe, член на советот за образование, разговарал со директорите во 80 детски градинки и основни училишта. Одговорите го шокирале.

„Ние овде зборуваме за 5-годишни деца што не знаат да одат во тоалет, тоа е едноставно неприфатливо! Децата не знаат да комуницираат, не знаат да користат прибор за јадење, не знаат да држат молив. Ако немаат основни вештини, како тогаш ќе можат да бидат образовани? Не можеме вака да продолжиме. Ако ова не го запреме, ќе биде само полошо“, искоментирал Towe по средбите.

Прочитајте и:  Крвава расправија на ученици во Тирана - еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата

Како што покажува едно од истражувањата, главната причина за ваквата очајна ситуација е тоа што родителите немаат доволно време да се бават со своите деца и да ги научат на основните „вештини“ и однесување. За образовните работници тоа е неприфатливо и велат дека невозможно е тие да ја прифатат големата одговорност што родителите ја препуштаат на нивните плеќи.

„Многу од родителите сметаат дека не е важно детето да се подготви за одење во училиште, па не посветуваат доволно внимание на нивното однесување“, констатира Спилман.

- Реклама -