Грчкиот воен оркестар ја свиреше химната на Северна Македонија (ВИДЕО)

По повод Денот на НАТО, односно 70-годишнината од постоењето на Северноатлантската алијанса, денеска во Националната филхармонија во Скопје музичките сили на заеднички концерт ги здружија пет воени оркестри – на Северна Македонија, САД, Велика Британија, Грција и Словенија.

На концертот здружениот оркестар свиреше композиции од репертоарите на секој од петте воени оркестри, но истиот го започна со изведба на химната на НАТО и химната на Северна Македонија.

„Навистина ми причинува задоволство што денеска на ваков начин можеме да го славиме денот на НАТО, но и ден посветен на нашите сега веќе успешно реализирани амбиции. Мотото на НАТО е Together We Stand – Заедно сме појаки и заедно сме секогаш посилни. Убедена сум дека петте воени оркестри – на Република Северна Македонија, на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Грција и Словенија ќе ни приредат настан чиешто ехо ќе зборува посилно од било кој збор, вклучувајќи го мојот, и настан кој нема да нè остави рамнодушни“, порача Министерката за одбрана – Радмила Шекеринска, во обраќањето пред почетокот на концертот.

Прочитајте и:  Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО

https://www.facebook.com/sekerinska/videos/1823198787785932/

- Реклама -