Откриени 700.000 парчиња кинески порцелан

порцеланНуркачи ја откриле „најголемата“ колекција на керамика од Минг Династијата во потонат брод. Вредноста на керамиката е проценета на неверојатни 47,6 милиони евра. Артефактите, кои потекнуваат од околу 1580, биле откриени на океанското дно на околу 180 метри под површината, одалечени околу 150 километри од брегот на Индонезија.

Откритието било направено од германската група Arguenautas Worldwide (AWW) и партнерот RM Discovery Inc (RMD). Партнерството вели дека откритието е „најголемиот потонат товар од порцелан од Минг најден досега“. Тие веруваат дека керамиката потекнува од времето на Ванли Империјата во Кина, 1572 до 1620 година, кон крајот на Минг Династијата.

Студии на RMD навеле кон заклучок деак во потонатиот брод може да има околу милион порцелански парчиња. Но најдени биле само околу 700.000 сино-бели керамички садови кои останале цели. Потонатиот брод бил откриен во 2009 година од локални рибари, по што индонезиската влада побарала помош од AWW и RMD за вадење на керамиката.

Прочитајте и:  Павел: Нема мир во Украина без Русија и Кина на преговарачката маса

Претседателот на AWW, Николаус Граф Сандизел, изјавил: „Локацијата беше откриен во средината на 2009 од рибари и од тогаш стана екстремно подложен на кражби. Не само што се работи за огромно откритие во економска смисла, но овој потонат брод е и од голема важност од историска гледна точка. Ова важно светсо поморско наследство може да биде заштитено од кражба само со вадење на товаот на површината и научно документирање на бродот и сите поврзани културни материјали.“ [Nice little urner: ‘Biggest ever’ haul of Ming Dynasty pottery found in shipwreck… and it’s worth £43million]

- Реклама -