Клод Макелеле беше еден од најдобрите играчи од задниот ред за врска. Французинот играше за Реал, Челзи и ПСЖ, а денес, од позицијата на селектор, го предводи тимот на Еупен во Белгија.
Неодамна Макелеле раскажа една анегдота за уште една фудбалска легенда меѓу оние најголемите – Роналдињо, со кого на фудбалските терени се има сретнато осум пати во својата кариера.
Макелеле добро знаел како игра волшебниот Бразилец и што сè може да направи. По еден таков дриблинг, Французинот му се „заканил“ на Роналдињо:
„Мали, очекувам да ме дриблаш со почитување. Нема да ти ги толерирам тоа твоите трикови од Play Station. Ќе те пратам во болница ако пробаш такво нешто да ми направиш мене“, раскажува Макелеле, кој го освои светското сребро со Франција во 2006 година.
На прашањето од новинарот како реагирал Роналдињо на „заканата“, Макелеле одговара:
„Ми ја даде топката и ме замоли да му простам“.
Се разбира, оваа „закана“ е само форма на комплимент. Дриблинзите на Роналдињо Макелеле ги опишува како злоставување на противникот. Тој признава дека сите играчи буквално играле со страв кога морале да го чуваат Роналдињо.
#FelizJueves
Makelele a Ronaldinho: "Te voy a mandar al hospital" https://t.co/bg3Qfc2JL0 vía @marca— Roger Pastran (@rarpastran) March 28, 2019
🗣 "Pequeño, prefiero que me regatees de buenas maneras a esos trucos tuyos de PlayStation" https://t.co/AaeRsg95JH
— Diario AS (@diarioas) March 28, 2019