Маж кој во болница пристигнал за да направи преглед на мочниот меур, поради забуна завршил обрежан, пренесува британски „Метро“.
До грешката дошло бидејќи неговата медицинска документација е заменета со документација на друг пациент во Универзитетската болница во британски Лечестер.
Ако се водиме по тоа дека кој работи – тој и греши, тогаш во болницава се утепуваат од работа. Лани во март му заборавиле тампон во носот на оперирано дете, во април оперирале погрешен пациент поради слично име, во септември го обрежале споменатиот, а во ноември на пациент му вградиле вештачки колк на погрешната страна.
„Длабоко и искрено жалиме поради пациентите кои сето тоа го претрпеле. Секако дека секому му се извинивме и поединечно. Најважен приоритет ни е да го унапредиме квалитетот на услугата и безбедноста на нашите пациенти“, вели претставник од болницата.