СДСМ, Шахпаска: Иванов е промотор на дискриминација и противник на фер општество

Со непотпишувањето на Указите за рефомските закони, меѓу кои Законот за оперативно техничката агенција и за електронски комуникации, Ѓорге Иванов се потврди како кочничар на реформите и противник на професионализација на безбедносните служби, вели пратеничката Јагода Шахпаска на прес-конференцијата на СДСМ.

„Освен овие закони, Иванов одбива да го потпише и Указот на Законот за заштита од дискриминација. Со тоа, Иванов се потврдува како промотор на дискриминацијата и противник на професионална Државна комисија за заштита од дискриминација“, порачува таа.

Според неа, Иванов ќе го заврши мандатот така како што и го започна – како противник на реформскиот процес и противник на концептот фер општество кое штити од секаков облик на дискриминација.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ќе донесеме нов Кривичен законик, но согласно европските стандарди, а не според нечии потреби

„И во последните денови од мандатот, Иванов останува доследен во своето делување спротивно на интересите на граѓаните и државата.

Од сето ова, добро е што мандатот на Иванов истекува за кратко. На Република Северна Македонија не ѝ се потребни политичари кои се дел од деструктивната матрица на Никола Груевски, како што е Иванов, политичари кои сакаат државата да се враќа назад, во изолација и неизвесност“, вели Шахпаска, додавајќи дека на претстојните претседателски избори граѓаните ќе изберат претседател кој достоинствено ќе ја претставува државата и ќе работи во нивни интерес.

- Реклама -