Забранети антимакедонски пароли на грчката воена парада за „Денот на независноста“

Денеска, 25 март, Грција го слави „Денот на независноста“. Вообичаено, денот ќе биде одбележан со голема воена парада во Атина. Сепак, за разлика од претходните години, овојпат за првпат ќе бидат забранети антимакедонски слогани, објави порталот „Фактор“.

„Македонија… молчи“, пишуваат грчките медиуми, алудирајќи на слоганот „Македонија е грчка“, кој безмалку редовно се извикува на грчките паради. И вчера на студентската парада, која се одржува еден ден пред главната, била забранета изведбата на националистичкиот марш „Славна Македонија“.

Сега, кога е постигнат Преспанскиот договор, грчкиот воен врв издал наредба дека ќе бидат санкционирани сите инциденти и сите националистички испади и пароли против Македонците, но исто така и Албанците.  Подетално на „Фактор“.

 

- Реклама -