Русија официјално ја признава Република Македонија под новото име „Република Северна Македонија“, објави денеска Руското министерство за надворешни работи, пренесува „Sputnik“.
„На 19 февруари 2019-та, Руската амбасада во Скопје прими белешка од македонското МНР со известување за промената на официјалното име на оваа држава во Република Северна Македонија“, се вели во извештајот на руското министерство. „Руската Федерација ја признава земјата под новото име“.