И германската амбасада реагира на изјавата на Мицкоски

По Амбасадата на САД, во писмена реакција за изјавата на Мицкоски се огласи и Амбасадата на Германија. Изјавите во кои Мицкоски ги спореди судењата за 27 април со Нирнбершките судења се целосно неприфатливи, порачуваат во реакцијата.

„Споредбата на постапките на правосудните служби на Северна Македонија со Нирнбершките процеси е несоодветна. Со тоа се минимизираат делата на наци-злосторниците. Одговорните лица во Северна Македонија треба да придонесат за надминување на поделбата на општеството и да водат конструктивен дијалог за иднината на земјата во правец на евроатлантските интеграции. Освен тоа, самите изјави за нирнбершките процеси се целосно неприфатливи“, се вели во соопштението од германската амбасада.

 

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно
- Реклама -