Драстично расте бројот на Албанци во британските затвори

Бројот на Албанци во британските затвори е зголемен за речиси четири пати во последните пет години откако албанските нарко банди ги преплавија британските улици со евтин кокаин, пишува британски Mirror.

Според податоците на британското Министерство за правда, бројот на затвореници со албанско етничко потекло пораснал од 212 во 2013 година – на 760 до крајот на минатата година. Од нив, дури 433 се во затвор поради кривични дела поврзани со дрога.

Минатиот месец Mirror објави дека британскиот пазар на кокаин, вреден околу 5 милијарди фунти, сега во голема мера е контролиран од „безмилосната“ Албанска мафија – Mafia Shqiptare. Според весникот, Албанската мафија оформила директни врски со колумбиските нарко картели и продава кокаин заобиколувајќи било какви посредници, што ѝ овозможува да продава првокласна дрога по многу поевтини цени. Како што пишува весникот, кокаинот сега е најевтин, и тоа од 1990-тите па наваму.

Прочитајте и:  Британски воени авиони учествувале во превенција од ескалација на конфликтот на Блиски Исток

„Албанците имаат сериозна репутација па никој не се обидува да ги предизвика. Имаме млади Албанци кои доаѓаат овде единствено за да прават пари од нарко пазарот. Некои од нив имаат големи палати во Албанија“, вели Мохамед Ќазим, истражувач од Лидс-Бекет универзитетот и експерт за криминални банди. Тој смета дека подемот на албанската мафија е поврзан и со „епидемијата“ на криминал со студено оружје (ножеви) што во последниве години ја зафати Британија.

 

- Реклама -