Оглас во грчко министерство: Се бара лице со познавање на „македонски (јужнословенски)“ јазик

Грција и официјално почна да го користи терминот „македонски” јазик, предвидено со Преспанскиот договор.

Како што е наведено во огласот објавен во грчкиот Службен весник, Министерството за цивилна заштита на Грција вработува 302 лица, од кои 56 во одделот за преведување, толкување и сослушување на Националната агенција за разузнавање. Меѓу наведените јазици кои дел од кандидатите треба да ги познаваат стои и „македонски (јужнословенски)“. Ова е првата официјална употреба на терминот „македонски јазик“ во Грција, пренесува МИА од Атина.

Прочитајте и:  Академик Попов: Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот
- Реклама -