Героски: Амди Бајрам ќе биде подобар претседателски кандидат од Гордана Силјановска

Пишува: Бранко Героски

Да, добро прочитавте. Тврдам дека циркузантот Амди Бајрам ќе биде подобар претседателски кандидат од уважената професорка Гордана Силјановска, за која се зборува дека би можела да биде тркачот на најмоќната опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ. Дури, ако се случи чудо, рамно, на пример, на научно откритие дека планетата Земја не е топка туку рамна плоча, па СДСМ си дозволи да ги изгуби претседателските избори, Бајрам би бил подобар претседател од Силјановска.

Немам ништо добро да ви кажам за Амди Бајрам. Тоа е еден тип со нула капацитет да претставува било кого и било што во политиката, освен својата алчност за малку власт и привилегии. Тоа е човек кој својата бескарактерност ја издигна на ниво на врховен политички принцип („секогаш со власта, по секоја цена“), принцип кој, како што гледам, општо се прифаќа и дури и се фали од познати јавни личности. Можам само да кажам дека ми се гади од тоа меѓусебно глупандерско лицемерие, од тој патолошки однос меѓу циркузантот и нашите нови мефистофелеси…

Целата колумна прочитајте ја на „Плусинфо“.

- Реклама -