Заев најави простување на долговите за струја за 200.000 граѓани и семејства

Владата на РМ остварилка прогрес во преговорите со ЕВН и ЕЛЕМ за простување на долговите за струја настанати до 2006 година кај голем број семејства заглавени во лавиринтот од извршители и блокирани сметки, соопшти премиерот Зоран Заев од трибината „Силна економија – шанса за сите“ одржана во Охрид.

Се работи за долгови на околу 200.000 семејства и граѓани, во вкупен износ од 110 милиони евра.

„Разгледавме ситуација за стари долгови за струја до 2006 година за 200.000 семејства и граѓани кои се заглавени во вакви лавиринти на извршители и блокирани сметки. Овие денови сме во длабоки преговори, волјата денеска можам слободно да ја соопштам, кога правно формално ќе го потпишеме договорот јавно ќе соопштиме. Но, волјата од Владата за преземање на своите дејствија е нотирана, и од ЕЛЕМ како партнер во производството на струјата е потврдена, и волјата на ЕВН како приватна компанија исто така е потврдена. Намерата е да избришеме долг на граѓаните од 110 милиони евра. Тоа се огромни пари и ќе биде големо олеснување за граѓаните“, порача Заев, дополнувајќи дека сите мерки кои Владата ги спроведува се во насока на тоа на било кој начин да се вбризгаат пари кај граѓаните.

- Реклама -